(мкд) СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Вештачења, супервештачења, технички советници и практични проблеми во врска со нив во кривичната постапка“

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира онлајн советување на тема: Вештачења, супервештачења, технички советници и практични проблеми во врска со нив во кривичната постапка “, кое ќе се одржи на 22  јуни  2021 година (вторник) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавач  на советувањето ќе биде  г-а Лидија Зимбовска, судија на Апелационен суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

За повеќе детали поврзани со советувањето Ве молиме обратите се на следната е маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефон 02/ 2401-578.