Кои сме ние

Респектабилна правосудна Академија која има клучна улога во креирање на европски профили на судиите и јавните обвинители

Историја на Академијата

Академијата за судии и јавни обвинители е институција со чие создавање, Република Македонија направи значаен чекор напред кон вградување во правосудство, на демократските принципи на владеење на правото и заштита на основните човекови права и слободи, вградени во бројните меѓународни документи за независно и ефикасно правосудство.

Денес, петнаесет години по основањето, Академијата за судии и јавни обвинители, преку стручната обука што ја испорачува, игра клучна улога во зајакнувањето на независноста и стручноста на институциите на правосудниот систем и прерасна во одговорен и професионален партнер во нејзината соработка со национални и меѓународни институции и проекти.

Академијата започна со работа
2006
Програма за работа на Академијата
Мисија
Мисијата на Академијата за судии и јавни обвинители, се заснова на унапредување и обезбедување на независно, непристрасно, високо професионално и ефикасно правосудство кое ќе го афирмира принципот на владење на правото и заштита на човековите права. Нашата мисија е создавање на современ правосуден систем кој ќе се заснова на високите европски вредности, кој ќе биде целосно хармонизиран со европската легислатива, кој ќе ги инкорпорира меѓународните стандари се со цел да ја подигне довербата на граѓаните во правосудните институции и да обезбеди полесен и поефикасен пристап до правдата.
Визија
Нашата визија е преку почетната и континуираната обука да дадеме придонес во градење на европски профил на судиите и јавните обвинители, но и на судско обвинителската администрација, со користење на модерни методи за усовршување на нивните знаења, при што, во континуитет ги обезбедуваме сите потребни механизми и расположливи алатки со чија помош правото на Европската Унија и меѓународното право е лесно достапно за судии и јавните обвинители на Република Македонија.
15 Години
Посветени сме на обезбедување на почетна и континуирана едукација
0
Кандидати
0
Одржани обуки
0
Испити
0
Години
ИСО9001:2015
Организација со ISO сертификат
ИСО 9001:2015 од 2017
ИСО 9001:2015 од 2020
Политика за квалитет 2021