(мкд) ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Правна заштита на работникот во случаи на прераспоредување на работно место и начин на престанок на работниот однос”

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев’’ ја следи ситуацијата во врска со препораките и мерките за заштита, спречување на внесување и ширење на вирусот КОВИД-19 и постојано се грижи да им овозможи на судиите и јавните обвинители да ја исполнат Законската обврска за  потребните денови на обука.

Во таа насока, Ве известуваме дека Академијата организира онлајн советување на тема: Правна заштита на работникот во случаи на прераспоредување на работно место и начин на престанок на работниот однос”, кое ќе се одржи на 27 ноември 2020 година (петок) на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток во 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат, д-р Зоран Михаjлоски, професор на Универзитет Американ колеџ во Скопје и м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

Презентација