Oбука на тема :ЗАКОНИТОСТ НА ПРИТВОРОТ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПРОЦЕСНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА 6 декември 2021 (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Совет на Европа организираат обука на тема: Законитост на притворот и обезбедување процесна сигурност на притворените– член 5 од ЕКЧП, која ќе се одржи на 6 декември 2021 година (понеделник), во просториите на Академијата, ламела 1 со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г-ѓа Лејла Дервишагиќ, раководител на оперативно работење, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.