ОБУКА на тема „Даночно затајување и даночни измами“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online обука на тема „Даночно затајување и даночни измами“. Обуката е наменета за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја. Предвидено е да се одржи на 7 јули (среда) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавачи на обуката ќе бидат г. Кирил Темелков, советник на директорот во Управата за финансиска полиција и г. Ермон Незири, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Инструкции и линк за пристап до платформата се испратени до сите пријавени учесници.

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk