Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска со свое излагање учествуваше во одбележувањето на 25 годишнината на Инструментот на Европската комисија ТAIEX (Demo)

Eден од најуспешните инструменти на Европската Комисија, TAIEX, во декември 2021 година прослави 25 години постоење. За таа цел беше организирана кампања за одбележување на овој јубилеј.

Имено, TAIEX од своето постоење до денес поддржа повеќе од 90 земји партнери притоа мобилизирајќи над 40.000 експерти во над 26.000 настани. TAIEX работи навистина брзо во дизајнирање и испорачување на посебно креирани работилници, експертски мисии и студиски посети.

Во оваа пригода, од страна на TAIEX беа изработени и кратки видеа, кои претставуваат сведоштва за искуствата со успешно спроведени проекти под TAIEX,  со чија поддршка се оформила правна рамка, се спровеле правни акти, или пак се воспоставиле добри практики или други активности во кои администрацијата на Северна Македонија има позитивни искуства, а кои се случувале во текот на сите години на користење на овој инструмент.

За таа цел свое излагање имаше и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која посочи дека Акдемијата и TAIEX инструментот се долгогодишни партнери кои успешно партиципирале во унапредувањето на правосудството во Република Северна Македонија, преку организација на едукативни настани кои најчесто се фокусирани на правото на ЕУ и меѓународното право.

Краткото видеото во целост можете да го преземете на следниот линк:

TAIEX moving forward together with EU expertise

https://vimeo.com/639430303