(мкд) СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ СУДИИ ПОРОТНИЦИ 16 и 17 август 2021

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Ве известуваме дека Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018, и 96/2019) организира Специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од апелационо подрачје Битола, која ќе се одржи на 16 и 17 август 2021 година на ЛМС веб платформата на Академијата, со почеток од 10:00 часот.

 

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

 

                На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, судија на Врховен суд  на Република Северна Македонија, г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје (во пензија).

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

 

                Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

                Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат дополнително испратени до сите пријавени учесници.

                За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следната e-mail адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-572