(мкд) СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Развој на пробацијата и создавање на мрежа на чинители во поддршка на истото“

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и со Управата за извршување на санкции, организираат серија еднодневни советувања на тема: „Развој на пробацијата и создавање на мрежа на чинители во поддршка на истото“, кои што ќе се одржат на 11,12 и 13 декември 2019 година, во просториите на Академијата, со почеток во 09:00 часот.

Советувањата се наменети за судии, јавни обвинители, пробациски службеници, судски и јавнообвинителски соработници, како и за претставници на релевантни институции од апелациони подрачја Скопје и Гостивар, Штип и Битола.

Агендата согласно кои ќе одржат советувањата можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

Презентација1

Презентација2

Презентација3