(мкд) Програма за изучување на основите за имиграциско задржување во соработка со УНХЦР

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Во рамките на долгодишната успешна соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Претставништвото на УНХЦР во Република Северна Македонија, на платформата за учење на далечина, на Веб страницата на Академијата, ќе стане достапна уште една програма за е-учење која е поврзана со основите за имиграциско задржување.

Програмата е развиена во рамките на проектот на Европската унија и УНХЦР насловен „Глобална програма за техничка помош и создавање капацитет за спречување на задржувањето на деца и за заштита на децата и други задржани баратели на азил“ и истата е преведена на македонски јазик.

Академијата е благодарна што и во услови на глобална криза има континуирана поддршка од своите домашни и странски партнери во одржување на развојот на обуките за континуирана едукација, посебно на оние кои се креираат преку платформата за учење на далечина. Академијата вложи големи напори да ја модренизира својата Веб страница и да создаде платформа за учење на далечина која ќе им обезбеди на судиите и јавните обвинители поголем пристап до повеќе корисни содржини. Поставувањето на новата програма која е резултат на соработката помеѓу Академијата и УНХЦР за нас е многу значајна бидејќи не само што ќе има придонес во јакнење на постојните знаења на правните практичари за правата на бегалците и правото на азил, туку претставува и позитивен исчекор и мотивација за сите останати наши партнери кои не се вклучиле во организирање на онлајн обуки да го сторат истото.“ – изјави директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска.

Во УНХЦР ни е задоволство што имаме можност да ја поддржиме Академијата за судии и јавни обвинители со ваква можност за е-учење за една важна тема како што е Програмата за изучување на основите за имиграциско задржување.

Преку проширување на можностите за пристап до квалитетни информации и проширување на нашите хоризонти преку учење на нови нешта, се осигуруваме дека бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство не се изоставени. Учењето исто така придонесува за професионалноста и ефикасноста на судскиот систем, што ќе подобри човечки животи, нешто што е важен дел од мисијата на Академијата за судии и јавни обвинители.

Ја продолжуваме соработката со Академијата за судии и јавни обвинители и разгледуваме можности за вклучување на други можности за учење во програмата на Академијата“, изјави Моника Сандри, Претставничка на УНХЦР во Северна Македонија.

Програмата нуди и информации за примената на алтернативите на задржување како мерки кои често се посоодветни во постапувањето со барателите на азил, особено со ранливите категории како што се децата. Оваа програма има за цел да помогне во разбирањето на основните критериуми заради соодветна примена на ваквите мерки.