(мкд) Предавање во почетната обука на тема: Граѓанска одговорност за клевета и навреда

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Денес (15.10.2020 година) во рамки на почетната обука која се спроведува во просториите на Академијата, во согласност и со строго почитување на мерките и препораките на Владата на РСМ за заштита и спречување од ширење на вирусот Ковид 19, се одржа предавање на тема: Граѓанска одговорност за клевета и навреда/ Слобода на изразување и интернет и Слобода на новинарско изразување, кое произлегува од модулите развиени во рамките на JUFREX Проектот на Совет на Европа.

Предавањето го одржа судија Лидија Димова, претседател на Основниот суд Велес.

Во насока на усовршување на знаењата на слушателите во почетна обука за слободата на изразување и членот 10 од Европската конвенцијата за човекови права, посебно поради фактот што правилната имплементација на Европската конвенција за човекови права е повеќе од задолжителна, а користењето на судската пракса на Европскиот суд за човекови права претставува извор на правото за донесување на ефективна судска пресуда, на предавањето беше изведена и практична вежба во која слушателите беа поделени во три групи при што: првата група ја имаше улогата на апликант, втората група ја имаше улогата на Владин агент и третата група улогата на Европскиот суд за човекови права.

Од досегашните искуства на Академијата во однос на реализирањето на теоретската настава од почетната обука се покажа дека практичните вежби се многу корисни за слушателите, па оттука, Академијата во овој дел од програмата за почетна обука вложува напори поголемиот дел од предавањата да се засноваат на практични вежби на симулација на реални настани и ситуации.

Важно е да се напомене дека за реализацијата на овие предавања Академијата ги користи предавачите кои се стекнаа со потребни знаења и вештини во рамките на JUFREX Проектот на Совет на Европа, а при изборот на теми води грижа истите да бидат усогласени со модулите кои беа реализирани во рамки на овој проект како што се:

  • модул 1 – Вовед и општи принципи
  • модул 2 – Услови за ограничување на слободата на изразување
  • модул 3 – Клевета
  • модул 4 – Интернетот и слободата на изразување
  • модул 5 – Безбедност на новинарите
  • модул 6 – Слободата на изразување и доброто спроведување на правдата
  • модул 7 – Заштита на укажувачите
  • модул 8 – Практична вежба

Во тековната 2020 година JUFREX 2 проектот кој во мај 2019 година се приклучи на Програмата на ЕУ Хоризонтал Фасилити се фокусираше на  две тесно поврзани теми: Слобода на изразување и заштита на медумите и медиумските работници, теми кои Академијата ги зема предвид при организрањето на програмата за теоретска настава во почетната обука.