(мкд) Работна средба на директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер-Дамјановска со г.Емануел Рембер, советник за култура и директор на Францускиот културен центар во Скопје и г-а Жулие Маравал, атеше за соработка во Амбасадата на Р. Франција

Fatkeqësisht hyrja është e disponueshme vetëm në% LANG:,: dhe%. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

На ден 04.09.2019 во просториите на Францускиот културен центар во Скопје, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, проф.д-р Наташа Габер-Дамјановска оствари рабтна средба со г. Емануел Рембер, советник за култура и техничка соработка и директор на Француски културен центар во Скопје и г-а Жулие Маравал, атеше за соработка во Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија.
Работната средба се реализираше во рамките на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата и Амбасадата на Република Франција и Францускиот културен центар во Скопје. На работната средба беа презентирани резултатите од досегашната соработка, но воедно се разговараше и за идни заеднички проекти со кои на судиите и јавните обвинители и слушателите на програмата за почетна обука ќе им се приближи француската култура и францускиот јазик.
Директорот на Академијата, проф. д-р Габер-Дамјановска ги увери г. Рембер и г-а Маравал дека Академијата како и до сега ќе продолжи да ја негува соработката со Амбасадата на Република Франција и Францускиот културен центар.
Заклучокот од средбата беше дека заедничките проекти се од посебно значење за понатамошниот развој на добрите практики и размена на искуства помеѓу двете пријателски земји во насока на унапредување на правосудниот систем на Република Северна Македонија.