СОВЕТУВАЊЕ на тема „Права на деца жртви на кривични дела со посебен акцент на мерките на процесна заштита на децата жртви“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Права на деца жртви на кривични дела со посебен акцент на мерките на процесна заштита на децата жртви. Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на МВР и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи. Предвидено е да се одржи на 9 април (петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Марија Ралева, невропсихијатар, раководител на Одделот за детска и адолесцентна психијатрија при ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

1.Презентација 09.04.2021 ПОСТАПУВАЊЕ, ТРЕТМАН И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА – ЖРТВИ И СВЕДОЦИ НА НАСИЛСТВО ВО КРИВИЧНА ПОСТАПКА

2.Примери од праксата на Европскиот Суд за човекови права

3.Презентација 09.04.2021 ФОРЕНЗИЧКИ И ПСИХОЛОШКИ АСПЕКТИ НА  ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ЖРТВИ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА КАКО ДЕЛ ОД МЕРКИТЕ ВО ПРОЦЕСНАТА ЗАШТИТА

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk