СОВЕТУВАЊЕ на тема „Практична примена на одредбите од Истанбулската конвенција“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира советување на тема „Практична примена на одредбите од Истанбулската конвенција. Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, претставници на МВР, Центар за социјални работи, Адвокатска комора и невладини организации.

Советувањето ќе се одржи на 24 септември (петок) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Жанета Попоска, офицер за владеење на правото, Мисија на ОБСЕ во Скопје и г-ѓа Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје.

Инструкции и линк за пристап до платформата се испратени до сите пријавени учесници.

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работни материјали:

1.Акциски план за ИК 2018

2.Истанбулска конвенција презентација

3.Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

4.Истанбулска конвенција

 

За дополнителни информации може да се обратите на e-mail адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-565.