Презентација на истражување„Правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки“ 23 јуни 2020 година (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во рамите на Проектот за спречување и сузбивање на трговијата со луѓе од Хоризонтал инструмент II на ЕУ и Совет на Европа за Западен Балкан и Турција преку Платформата на Програмата ХЕЛП организира виртуелна презентација на истражување на правата на жртвите на трговија со луѓе во судски постаки кој ќе се одржи на 23 јуни 2020 година.

Воведни обраќања ќе имаат: Проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, Академија за судии и јавни обвинители, г-а Васка Николовска Масевска, Основен кривичен суд Скопје и г-а Маја Конеска, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Истражувањата ќе ги презентираат: Проф. Д-р Гордана Лажетиќ, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и г-а Ирена Здравкова, Македонско здружение на млади правници.

 

На презентацијата ќе учествуваат учесниците од обуката која се одржа на 29 април 2020 година посветена на темата трговија со луѓе, како и други заинтересирани судии и јавни обвинители.

 

Агендата согласно која ќе се одвива презентацијата можете да ја преземете тука.