ONLINE СОВЕТУВАЊЕ на тема „Надомест на штета од автоодговорност со странски елемент“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2021 година организира online советување на тема „Надомест на штета од автоодговорност со странски елемент“, кое ќе се одржи на 21 октомври (четврток) 2021 година, преку ZOOM платформа.

Советувањето е наменето за граѓански судии и стручни соработници од сите Апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Антоанета Димовска, судија на Основен  граѓански суд Скопје и м-р  Јехона Садику, судија на Основен  граѓански суд Скопје.

 

За повеќе информации Ве молиме да се обратите на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.