Онлајн советување на тема „Судска заштита во врска со договори за превоз во патниот сообраќај, со посебен осврт на примена на СМР- Конвенција во судските спорови“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема „Судска заштита во врска со договори за превоз во патниот сообраќај, со посебен осврт на примена на СМР- Конвенција во судските спорови“, кое ќе се одржи на 7 јуни (вторник) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Николче Петковски, началник на Сектор за прекршоци при МВР и  г-ѓа Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лице од Академијата задолжено за организација на тел. 02/2401-569 или на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1