ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Еднаквост на оружјата во сите фази на кривичната постапка“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев организира онлајн советување на тема: „Еднаквост на оружјата во сите фази на кривичната постапка“, кое ќе се одржи на 19 февруари 2021 година (петок) на веб платформата на Академијата-насловена како ЛМС/Е-учење, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели и за јавните обвинители од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-н Миле Костадинов, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука.

Дополнителни информации за начинот на логирање на платформата и слично можете да добиете на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број: 02/2401-572.