ОНЛАЈН ОБУКА на тема „Запознавање со најновите документи на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ)“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн обука на тема „Запознавање со најновите документи на Европската комисија за ефикасност на правдата (CEPEJ)“. Обуката е наменета за јавните обвинители на јавните обвинителства, претседатели на судови и членови на Советот на јавни обвинители на РСМ и Судскиот совет на РСМ. Предвидено е да се одржи на 27 април (вторник) 2021 година, преку веб платформата на Академијата.

Предавач на советувањето ќе биде г. Никола Прокопенко, државен советник во Министерството за правда.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Работните материјали :

1.EUROPEAN COMMISSION FOR THE EFFICIENCY OF JUSTICE(CEPEJ)

2.CEPEJ Evaluation Report

3.CEPEJ Guidelines

Инструкции и линк за пристап до платформата ќе бидат испратени до сите пријавени учесници.

  За дополнителни информации може да се обратите се на тел. 02/2401-565 или на е-маил адреса Natasa.Bastovanska@jpacademy.gov.mk