Обука на тема ,,Спроведување на еколошка правда ’’ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот ,,Проект за добро управување со животна средина„  организира обука на тема: ,,Спроведување на еколошка правда’’, која ќе се одржи на 11 февруари 2021 година (петок), во хотел Солун, со почеток од 09:45 часот.

Обуката е наменета за јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Со поздравно обраќање настанот ќе го отвори проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и г. Никола Јовановски, Центар за правни истражувања и анализи. Свои излагања поврзани со темата ќе имаат проф. д-р Беса Арифи, Универзитет на Југоисточна Европа и проф. д-р Марина Малиш Саздовска, Факултет за безбедност во Скопје.

Програмата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.