Онлајн советување на тема: „Конфискација и одземање на имот-меѓународни акти и национална пракса“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема: „Конфискација и одземање на имот-меѓународни акти и национална пракса“, кое ќе се одржи на 28 септември 2022 година (среда), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

            Советувањето е наменето за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

            Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Гордана Милевска, раководител на одделение за меѓународна правна помош во кривична материја во Министерство за правда.

                  Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.    

                   За повеќе информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната  е-маил адресата Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.