Европската мрежа за правосудна обука EJTN најавува онлајн обука на тема: „Право на азил“

Европската мрежа за правосудна обука – ЕЈТН , организира обука на тема: Право на азил, која ќе се одржи онлајн на 19 ноември 2020 година, со почеток во 9:00 часот.

Обуката e наменета за судии кои постапуваат по предмети за азил од Виш управен суд и Управен суд на Република Северна Македонија како и за јавни обвинители од сите апелациони подрачја кои постапуваат по предмети за азил и кои имаат познавање од англиски јазик.

Предлог програмата за онлајн обуката и повеќе информации поврзани за настанот можете да добиете на следните линкови:

http://www.ejtn.eu/PageFiles/18704/Draft_Agenda_HFR_2020_cultural%20diversity_EJTN-MPI.pdf

http://www.ejtn.eu/Catalogue/EJTN-funded-activities-20191/Cultural-diversity-in-the-courtroom—judges-in-Europe-facing-new-challenges-HFR202008/

Воедно, сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 29 октомври 2020 година кај лицето задолжено за организацијата г-н Arno Vinkovic – arno.vinkovic@ejtn.eu