Јавен оглас за прием на IX-та генерација на слушатели во почетна обука

logo_asjo_news_mk

Почитувани заинтересирани кандидати за IX генерација во почетна обука на Академијата,

Ве известуваме дека Јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX-та генерација слушатели на почетната обука на Академијата е објавен во Службен весник на РСМ бр.19 од 30.01.2023 година.

Рокот за пријавување во Академијата ќе започне да тече од денес (31.01.2023) година и ќе трае 15 дена, односно, последен ден за пријавување е 14.02.2023 година (вторник).

На следниов линк може да го преземете Образецот за пријава на јавниот оглас за 130 слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и најљубезно Ве замолуваме истиот да го пополните и да го доставите заедно со потребните документи за пријавување на огласот.

Воедно, ги известуваме оние кандидати кои се пријавиле на јавните огласи за прием на слушатели во VII и VIII генерација и чии документи се наоѓаат во архивата на Академијата, дека за аплицирање на јавниот оглас можат да ги употребат истите документи, освен оние документи кои се врзани со рок и чија важност истекла (Лекарско уверение и Уверение за неизречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност).

Со почит,