ВИРТУЕЛЕН НАСТАН-Практичните упатства за користење на социјалните медиуми од страна на судиите

Академијата за судии и јавни обвинители, Здружението за кривично право и криминологија и Програмата ОПДАТ/Амбасада на САД на 15 Јуни 2020 година, со почеток во 12:00 часот, организираат виртуелен настан преку платофрмата Interactio, на тема: Практични и Етички упатства за користење на социјалните медиуми од страна на судиите во кој се содржани следните препораки:

  1. Достоинствено претставувајте го судството во СИТЕ содржини

на социјалните медиуми

  1. Никогаш не ги коментирајте тековните предмети
  2. Не користете социјални медиуми за да истражувате странки
  3. Внимавајте кого прифаќате како „пријател“ и што и кого „лајкувате“
  4. Одбегнувајте политички и комерцијални коментари
  5. Прилагодете ја и следете ја вашата онлајн видливост
  6. Заштитете ги вашите лични податоци
  7. Едуцирајте го вашето семејство и пријателите
  8. Користете ги социјалните медиуми за едуцирање на јавноста
  9. Континуирано едуцирајте се за социјалните медиуими

Настанот се организира во рамките на промоцијата на Практичните упатства за користење на социјалните медиуми од страна на судиите преведени на македонски јазик а подготвени од страна на CEELI institute.

                Преведените упатства се испечатени на макекдонски јазик и ќе бидат дистрибуирани до сите судии.

                На платформата можат да се најават сите заинтересирани судии, јавни обвинители, академсмката заедница, новинари и други заинтересирани од сите апелациони подрачја, кои откако ќе се пријават и ја достават својата е – маил адреса во Академијата за учество ќе добијат линк преку кој ќе можат да се логираат.

                На сите кои ќе се пријават од страна на Академијата ќе им се смета поминат ден-обука.

                Со поздравни обраќања настанот ќе го отворат: проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители г-а Челси Шинор, правен советник, Амбасада на САД во Скопје, Кристофер Лехман Извршен директор на CEELI Institute of Prague и Фреда Греали програмски менаџер. CEELI Institute of Prague.

                Свое обраќање на настанот ќе имаат проф.д-р Гордана Лажетиќ, Универзитет Св Кирил и Методиј, Правн факулет, Скопје; Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на РСМ и проф. д-р Лазар Нанев, судија, претседател на ОС Кавадарци.

                На 15 јуни ќе добиете e-mail со линк за приклучување на настанот. Интерактио е платформата која ќе се користи за симултан превод. За успешно поврзување потребно е следново:

                – Лаптоп или десктоп компјутер (платформата за видео-конференција и симултан превод. Не работи на мобилен телефон)

  • Интернет
  • Google Chromeп ребарувач
  • Слушалки со микрофон, и камера.