(мкд) Практични искуства за користење социјални медуми од страна на судиите: Централа и Источна Европа

Практични искуства за користење социјални медуми од страна на судиите: Централа и Источна Европа

Поради зголемениот интерес на судиите за Практичните упатства за користење на социјални медуми од страна на судиите: Централна и Источна Европа, кои го изготви Институтот CEELI со помош на стручни лица за правосудството, етиката и односите со јавноста, истите ги реобјавуваме, бидејќи сметаме дека се многу корисни за секојдневното постапување на националните судии.
Имено, овие Упатства опфаќаат случаи на непримерно однесување на социјалните медиуми кои може да ја загрозат независноста, интегритетот и непристрасноста на судиите, да ја поткопаат довербата на јавноста во судството или да резултираат со дисциплинска постапка против судии. Овој документ е релевантен како за судиите поединци кои се активни на социјалните медиуми, така и за оние кои се одговорни за утврдување на домашните стандарди за однесување на носители на правосудни функции вклучувајќи: членови на правосудни совети, претседатели на судови, членови на здруженија на судии и сите останати членови на правосудството коиштоо регулираат користењето на социјалните медиуми од страна на судиите.
Упатствата можете да ги преземете на следниот линк: https://jpacademy.gov.mk/wp-content/uploads/2020/05/attachment.pdf