(мкд) ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Медијација-фази и видови“

ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ
на тема:
„Медијација-фази и видови“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев” во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организира онлајн советување на тема: „Медијација-фази и видови“, кое ќе се одржи на 23 март 2021 година (вторник), на апликацијата Zoom, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, медијатори и претставници од Министерство за правда на Република Северна Македонија.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Зоран Вучев, медијатор, г-а Маргарита Стефкова Николовска, медијатор и г. Ингрид Хенлингер, адвокат, лиценциран медијатор, странски експерт.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.
За дополнителни информации Ве молиме обратете се на следниот мејл:
Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на телефонскиот број 02/2401-578.