Советување на тема: ,,Ограничувачки договори’’ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Комисија за заштита на конкуренцијата во рамки на ЕБРД проектот ,,Техничка соработка за КЗК’’ организира дводневно советување на тема: ,, Ограничувачки договори’’.

 Советувањето ќе се реализира со физичко присуство во просториите на Академијата, ламела 1, на  11 и 12 април 2022 година  (понеделник-вторник), со почеток од 09:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од Виш управен и Управен суд и претставници од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Предавачи на советувањето  ќе бидат проф. д-р Горан Коевски, Правен факултет ,,Јустинијан Први, професор по економија на Универзитетот за економија и бизнис од Атина и професор по конкурентско право на Квин Мери Универзитет во Лондон.

Доколку Ви се потребни повеќе детали ве молиме да го контактирате лицето кое ја организира обуката на следната e-mail адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, или на тел.02/2401-568.

Советувањето ќе се одвива согласно следната: Агенда за советување- 11-12.04.2022 година