Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, организира советување на тема: „Даночна постапка/Даночно законодавство“ кое е предвидено да се одржи на 14 ноември 2019 година (четврток) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Фокусот на советувањето ќе биде ставен на соодветна примена на Законот за данокот на додадена вредност и во тој контекст ќе бидaт разгледани и конкретни пресуди на ЕСЧП.
Советувањето е наменето за судиите и советниците/судските соработници на Вишиот управен суд и Управниот суд како и за претставници на Управата за јавни приходи.
Свои излагања на советувањето ќе имаат: м-р Даница Џонова, В.Д. директор на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП, г-а Виолета Илиевска, судија на Вишиот управен суд, претставник на Управата за јавни приходи и претставник на Државниот завод за ревизија.
Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете Tука.
Работни материјали:
Пресуди на ЕСЧП1 Пресуди на ЕСЧП4
Пресуди на ЕСЧП2 Пресуди на ЕСЧП5
Пресуди на ЕСЧП3 Пресуди на ЕСЧП6