СОВЕТУВАЊА на тема „Водење на јавна расправа во управното судство“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка Центарот за правни истражувања и анализи со поддршка на Британската амбасада во Скопје, во рамки на проектот ,,Административна правда по европски стандарди”, поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, организира две еднодневни  советувања  на тема Водење на јавна расправа во управното судство“  кои  ќе се  одржат на 10 и 11  март (вторник и среда) 2020 година, во Скопје, во просториите на Академијата.

 

Советувањата се наменети за судиите на Вишиот управен суд и Управниот суд.

 

Предавач на советувањата  ќе биде судија Жељка Зрилиќ Јежек, судија на Управен суд во Загреб.

 

Агендата согласно која ќе се одвиваат советувањата можете да ја преземете тука:

Агенда – 10 март

Агенда – 11 март