Патоказ за спроведување на политиките за животна средина (Demo)

Со Анализата за состојбите и Документот за јавните политики во заштитата на животната средина на Платформата, усвоени по широки расправи, се создадени основите за следниот чекор, кој се состои во конкретизација на методите, инструментите и средствата за унапредување на јавната еколошка политика, законодавство и практика, врз европските и универзалните стандарди и норми и најдобрите практики на земјите членки на ЕУ. Тој чекор се моделираше со Патоказот за спроведување на политиките на животната средина.

Патоказот  содржи насоки за приоритетните подрачја на кои треба да се фокусира јавната еколошка политика, методите, инструментите и средствата за подигање на стандардите на еколошка правда на повисоко рамниште, временски планираните активности и субјектите за нивното спроведување, легислативната рамка на заштитата на правото на здрава животна средина и нејзиното подобрување, инструментите и индикатори за следење на примената на законите и инструментите за обезбедување ефективна судска заштита на правото на здрава животна средина.

Патоказот за спроведување на политиките за животна средина е подготвен во рамките на проектот ,,Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошка правда‘‘ имплементиран од страна на ЦПИА, финансиран од UK Aid преку Владата на Обединетото Кралство.

Патоказот можете да го преземете во целост на следниот линк:

Патоказ за спроведување на политиките за животна средина – Платформа за Еколошка Правда (ekoloskapravda.mk)