Онлајн советување на тема: „Примена на Законот за судска служба“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира онлајн советување на тема: Примена на Законот за судска служба, кое ќе се одржи на 09 мај 2022 година (понеделник) преку ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судски службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Борче Мирчески од Основен суд Охрид и  г-а Лидија Таневска Јадровска од Врховен суд на Р. Северна Македонија.

 За повеќе информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација на следната емаил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

 Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.