„Обука за обучувачи за спроведување обуки за мерките за следење на комуникациите“

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со DCAF (Центар за демократска контрола на вооружените сили) а финансирана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија организира Обука на обучувачи за спроведување обуки за мерките за следење на комуникациите “

 

Обуката е предвидено  да се одржи во период од  2-4 октомври 2020 година (петок-недела), во хотел Инекс Олгица во Охрид.

На обуката ќе учествуваат претставници на Работната група која беше вклучена во подготовката на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Исто така, Ве известуваме дека Академијата, DCAF Проектот и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија ја следат ситуацијата во врска со препораките и мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот- КОВИД 19 како и Протоколите во организирањето на оваа обука од страна на хотелот. Од тие причини и бројот на учесници е ограничен.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете Тука.