Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Шпанија во Северна Македонија, Н.Е. Jose Luis Garcia Lozano (Demo)

Денес (17 декември 2021 година), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители,  директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Шпанија во Северна Македонија, Н.Е. Jose Luis Garcia Lozano.

Работна средба се одржува на иницијатива на амбасадорот на Шпанија со цел негово запознавање со работата и организацијата на Академијата и нејзината улога во правосудниот систем на Северна Македонија.

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска детално ја презентираше структурата на Академијата, го запозна со нејзината дејност и исклучителната улога која ја има во продуцирањето на идните судии и јавни обвинители, но и во унапредувањето на знаењата на судиите и јавните обвинители преку програмата за континуирана обука.

Во доменот на меѓународната соработка, директорката на Академијата го информираше амбасадорот, Jose Luis Garcia Lozano дека Академијата има импресивна бројка на меѓународни поддржувачи со чија помош се реализирани голем број на едукативни настани и активности во насока на унапредување на правосудниот систем на Северна Македонија, како и успешно спроведување на процесот на реформите во истиот.

Академијата и во минатото соработувала со Амбасадата на Шпанија и оваа средба претставува одлична можност за идентификување на понатамошните активности кои би можеле да се развиваат преку заедничка соработката помеѓу Академијата и преку Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија со Судската школа и Центарот за правни студии Шпанија,

Н.Е. Jose Luis Garcia Lozano ја потврди поддршката на Шпанија во унапредување на правосудството на Северна Македонија, а со тоа и на Академијата за судии и јавни обвинители.

Имајќи ја во предвид улогата и позицијата на Академијата во правосудството на Северна Македонија, амбасадорот на Шпанија и директорката на Академијата се согласија дека со потпишување на меморандум за соработка ќе биде допрецизирана развојната рамка на оваа соработка.

Меморандумот за соработка се очекува да биде потпишан на почетокот на 2022 година со што ќе започне и реализацијата на активностите предвидени со овој меморандум.