Одржано советувањата на тема: „ Надомест на материјална и нематеријална штета во работни спорови“

1

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организираше советување на тема: „Надомест на материјална и нематеријална штета во работни спорови“, кое се одржа на 02 јули 2025 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Советувањето беше наменето за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

На советувањето присуствуваа вкупно 33 учесници, од кои 27 учесници беа судии, 3 учесници од Управа за јавни приходи и 3 учесници од Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Во рамките на советувањето свои излагања имаа г-а Бојана Велковска, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-н Љупчо Спироски, судија во Апелационен суд Штип.

На соетувањето двајцата предавачи паралелно зборуваа за: поимот, видовите и разграничувањето на материјалната и нематеријалната штета, одговорноста на работниците и работодавачите за штета со посебен осврт за незаконит отказ, штета предизвикана на трети лица, паушално обештетување, постапка за утврдување надомест на штета, судска заштита и примери од пресуди од судска пракса.

Учесниците, со особен интерес го следеа советувањето и активно, со свои коментари, прашања и дискусии покажаа огромна заинтересираност и фокусираност во целиот тек на презентацијата.

Поради големиот интерес кој го побуди оваа тема, се дојде до заклучок дека треба да се повтори истата, од причина што темите од областа на работните односи секогаш заслужуваат внимание, бидејќи во судските постапки бројот на предмети од областа на работните спорови е со  најголем број во рамките на Основните и Апелационите судови.