Академијата за судии и јавни обвинители, денес (10.06.2026 година) организираше обука на тема: „Промена на страни во облигационен однос( преземање на долг, пристапување кон долг и отстапување на побарување) и конвалидација на договор“, која се одржа во просториите на Академијата, а беше наменета за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.
Обуката ја спроведоа национални експерти: Кети Германова, судија на Апелационен суд Скопје и Љупчо Тодоровски, судија на Основен граѓански суд Скопје.

Целта на обуката беше да се прошират знаењата во врска со толкувањето и примената на законските одредби со кои се уредени правните прашања кои се однесуваат на промената на учесниците во постапката и размена на мислења и искуство кои произлегуваат од вршењето на функцијата на правораздавање во исти или слични случаи.
Стекнатите знаења треба да придонесат за подобрување на квалитетот во правораздавањето и надминување на неусогласеноста во судската пракса, што позитивно ќе влијае врз зајакнување на правната сигурност на граѓаните и почитување на принципот на владеење на правото.

