ЦИКЛУС НА НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА МРЕЖИ НАМЕНЕТИ ЗА ИТ ЛИЦАТА ОД СУДОВИТЕ, ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДРУГИТЕ ИНСТИТУЦИИ ОД ПРАВОСУДСТВОТО

20251125_115347

Во рамки на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и проектот Владеење на правото на ЕУ, на 25 ноември 2025 година започна реализацијата на напредните обуки за мрежи со кои се опфатени ИТ лицата од судовите, јавните обвинителства и другите институции од правосудството.

Целта на овие обуки е да се подигне капацитетот на ИТ лицата како да се справуваат со секојдневните предизвици со кои се соочуваат во текот на нивната работа. Сите теми кои ќе бидат обработени се договорени во согласност со претставници од институциите и изработени согласно нивните потреби.

Овие обуките претставуваат продолжение на основните обуки за мрежи кои беа успешно  одржани на крајот на 2024 година и почетокот на 2025 година.

Целта на обуката е ИТ лицата да ги сфатат напредните концепти на мрежи, како што се мрежната безбедност, рутирање и рутирачки протоколи, конфигурација на мрежни сервиси, концепти на WAN, како и дизајн и управување со мрежа.

На напредните обуки за мрежи ќе бидат обработени вкупно седумнаесет модули кои, помеѓу другото, ги опфаќаат и следните теми:

  • Концепти на STP
  • Концепти на мрежна безбедност
  • Концепти на LAN безбедност
  • Безбедна конфигурација на преклопник
  • Etherchannel
  • Динамичко рутирање
  • Концепти и конфигурација на OSPFv2
  • Концепти на FHRP
  • Концепти и конфигурација на IPv4 ACL
  • NAT за IPv4
  • Концепти на WAN
  • Концепти на VPN и IPSec
  • Концепти на QoS
  • Управување со мрежа и дизајн на мрежа

Обуката ја спроведе г-н Кирил Ќировски, експерт за ИКТ и шеф на компјутерски центар при ФИНКИ, Скопје, кој ќе биде задолжен за спроведување на сите останати обуки. Секоја обука ќе биде во времетраење од 6 работни денови и ќе се реализира во рамките на три работни недели, два дена обуки по работна недела.

Обуките се спроведуваат во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство-Скопје.