
Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РСМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од Апелационен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Штип, која ќе се одржи на 28 и 29 јануари 2025 година (вторник и среда) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Обуката е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.
На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија во Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија во пензија во Врховен суд на Република Северна Македонија, и г-а Зуица Наумова, судија во пензија во Апелационен суд Скопје.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на обуката се следните:
- Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
- Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
- Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
- Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
- Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ :
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.