Одржан вториот состанок на основната група на Судска мрежа за размена на Централна и Источна Европа 2-3 декември 2023, Прага, Чешка

Untitled 3

Како член на основната група на на Судска мрежа за размена на Централна и Источна Европа, судија, м-р Илир Исени, заменик директор на Академијата учествуваше на вториот состанок кој го одржа оваа група, во Прага, Чешка на 2 и 3 декември 2024 година.

Состанокот започна со поздравните обраќања на Марек Свобода, програмски директор на CEELI институтот и Марсела Ентличова, програмски менаџер на CEELI институтот.

Главниот говорник на состанокот, судијата на Уставниот суд на Чешка, Томаш Лангашек, кој воедно е и поранешен шеф на дисциплинскиот панел на Врховниот управен суд на Чешка и актуелен заменик член во Европската комисија за демократија преку правото попозната како Венцијанската комисија говореше за дисциплинските постапки, предизвиците и успесите на чешкото судство.

По неговото излагање следеше презентација на клучните предизвици и успешни решенија во Ерменија, Бугарија и Молдавија во однос на напорите кои овие држави ги преземаат во борбата против корупцијата во судството.

Првиот работен ден го закоружи презентацијата на идните проектни активности на кои CEELI институтот работи, пришто беше разгледана и можноста за воспоставување соработка со  африканската судска мрежа, а воедно, од страна на присутните беа презентирани влијанијата кои активностите во рамките на оваа мрежа имаат врз домашните законодавства.

Во текот на состанокот, судијата м-р Илир Исени, како позитивен пример на присутните накратко им ја претстави идејата и реализацијата на дводневната “Судска Конференција за зајакнување на судската отчетност, независност и довербата на јавноста“, која се одржа на 19 и 20 ноември 2024 година во Скопје, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и ЦЕЕЛИ Институтот, во парнерство со проектот на ЕУ за подршка на Владеење на правото во РСМ, на која покрај судии и јавни обвинители, присуствуваа и домашни и странски правни експерти од неколку европски држави (Албанија, Бугарија, Унгарија, Молдавија, Полска), кои дискутираа за начините за надминување на итните предизвици во поглед на зајакнувањето на судството во Северна Македонија и подршката за напредокот на земјиата кон ЕУ интеграциите.

Вториот работен ден беше посветен на Мислењето број 27 на Советодавниот совет на Европските судии кое се однесува на дисциплинска одговорност на судиите, како и на Водичот за судска одговорност чие изготвување и издавање е поддржано од CEELI институтот и дел од членовите на оваа група.