
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 16.09.2025 година (вторник), ја одржа 239-та седница, на која:
- Беше усвоен Записникот од 238-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Согласно член 18 став 1, алинеја 15 од Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители, членовите на Управниот одбор беа известени за начинот и за реализацијата на обуките и ангажираните предавачи и квалитетот на наставата во првите шест месеци;
- Директорот на Академијата ги извести членовите на Управниот одбор за исполнетост на чекорите од Реформската агенда 2024-2028 година – пополнување на испразнетите судиски и јавно обвинителски места, по што Управниот одбор ја задолжи Академијата да се обрати до Министерството за финансии, преку Судско буџетскиот совет со барање дали се обезбедени средства за прием на 130 слушатели од деветтата генерација во 2026 година