ИЗВЕСТУВАЊЕ од одржана 6-та седница на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 24.07.2024 година (среда) во просториите на Академијата, во полн состав, расправаше и одлучи за следното:

  1. Се усвои Записникот од петтата седница на Програмскиот совет;
  2. Се донесе заклучок дека од вкупно доставените 14 пријави за нови предавачи во АСЈО, 12 пријави се комплетни и ги исполнуваат потребните услови, додека кај две пријави беше нотирана потреба од нивно дополнување;
  3. Се договорија идните активности на членовите на Програмскиот совет, преку нивен конкретен ангажман и континуирано одржување на работни состаноци и во текот на летниот период.

Со седницата раководеше заменикот на директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени.

_________________________________