Известување од одржана 254-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 02.10.2026 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 14:00 часот, во полн состав, ја одржа 254-та седница, на која:

  1. Едногласно беше усвоен Записникот од 253 седница на Управниот одбор одржана на 21 септември 2026 година.
  2. Беше назначен проф. д-р Блертoн Синани за член на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на редовните или вонредните професори по правни науки со академско звање доктор на науки.
  3. Беше утврдена предлог листата на предавачи како дополнување на листата на постојните предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
  4. Под точка разно: директроката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски ги извести членовите на УО за продолжување на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Програмата ХЕЛП на Совет на Европа.

Воедно, членовите на УО беа запознаени и со одговорот од Министерството за правда во однос на барањето на Академијата за статусот на предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.