Известување од одржана 252 седница на упрвниот одбор на академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_-thegem-blog-default

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 20 август 2026 година(петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот ја одржа 252 седница на која:

  1. Утврдија престанок на мандат на член на Програмски совет.
  2. Донесоа одлука за објавување Јавен повик за избор на член на Програмскиот совет од редот на редовни или вонредни професори по правни науки.
  3. Утврдија Општа Програма за континуирана обука на судии и јавни обвинители и специјализирана Програма за доброволна континуирана обука 2027/2028.

  1. Утврдија Програма за приемен испит во Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, 2026 година.

Под точката разно директорката на Академијата за судии и јавни обвинители ги запозна членовите со организацијата нa настан посветен на Законот за кривичнатa постапка, а на кој е предвидено предавања да имаат истакнати професори од Република Хрватска, како и со можноста за вклучување на Академијата во рамките на Предлог проектот:  Справување со трговијата со луѓе: Мерки за зајакнување на оперативната соработка, унапредување на финансиските истраги, подобрување на ефикасноста на кривичното правосудство и обезбедување пристап насочен кон жртвата кој го спроведуваат Академијата за европско право (ERA) во партнерство со Европскиот институт за јавна администрација (EIPA) и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Членовите на Управниот одбор едногласно ја поддржа Академијата за одржување на меѓународната соработка преку вклучување на Академијата во разни проектини активности кои се од значење за унапредување на правосудството во нашата земја.