ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОДРЖАНА 249 СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

logo_asjo

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 14.05.2026 година (четврток), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 13:30 часот, ја одржа 249-та седница на која:

  • Беше усвоен Записникот од 247 седница на Управниот одбор одржана на 07 април 2026 година;
  • Беше усвоен Записник од 248 седница на Управниот одбор одржана на 20 април 2026 година;
  • Беше донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за практична настава во почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев “ број 02-96/4 од 16.02.2024 година и број 02-360/9 од 10.09.2024 со цел усогласување со Нацрт извештајот на Државниот завод за ревизијаp;
  • Беше донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за надоместоци број 02-509/4 od 21.12.2023 година, број 02-441/5 од 07.11.2024 година и број 02-479/5 од 27.11.2024 година со цел усогласување со Нацрт извештајот на Државниот завод за ревизија.