
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 25.02.2025 година (вторник), ќе ја одржи 230-та седница, со следниот предлог дневен ред:
- Усвојување на Записник од 229-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
- Усвојување на Завршната сметка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, за 2024 година;
- Донесување на Годишен финансиски план на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје, за 2025 година;
- Донесување на Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Академијата за судии и јавни обвинители;
- Утврдување мандат на заменик член на Управниот одбор на Академијата;
- Барање за престанок на мандат на заменик член на Управниот одбор на Академијата;
- Информација во врска со јавниот оглас за прием на IX генерација слушатели на почетна обука;
- Разно.