Известување за одржување 222-ра седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители

logo_asjo_news_mk

 Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 07.11.2024 година (четврток) ќе одржи 222-ра седница, на која предмет на разгледување ќе биде следниот предлог Дневен ред:

  1. Усвојување на записникот од 221-ва седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Донесување на Измени и дополнувања на Правилник за полагање на завршниот испит на слушателите на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ број 02-120/4 од 29.02.2024 година.
  3. Донесување на Измени и дополнувања на Правилник за надоместоци број 02-509/4 од 21.12.2023 година.
  4. Дополнување на листата на предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители.
  5. Разно.