Директорката на Академијата ја прими Делегација на Високиот судски совет на Република Албанија

IMG-2d2808d73c7b574bebca9e0b78900de7-V

Делегацијата на Високиот судски совет на Република Албанија предводена од претседателот Илир Руси, по оставрената посета на Судскиот совет на Република Северна, на 03.06.2026 година оствари официјална посета и на Академијата за судии и јавни обвинители.

Делегацијата на Високиот судски совет на Република Албанија ја пречека директорката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски.

Во рамки на посетата, на делегацијата и беа презентирани надлежностите на Академијата, нејзината организациска поставеност и улогата што ја има во унапредувањето на квалитетот и независноста на правосудниот систем. Посебен акцент беше ставен на спроведувањето на континуираната обука на судиите и јавните обвинители, како и на реализацијата на програмата за почетната обука, преку која се обезбедува стручно и професионално подготвување на идните носители на судиската и јавнообвинителската функција.

Академијата за судии и јавни обвинители има успешно воспоставена соработка и со правосудната школа на Република Албанија со која делат слични стратешки приоритети кои се насочени кон јакнење на владеење на правото, унапредување на професионалните кадри и развој на ефикасно и стручно правосудство.

Присутните ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на меѓуинституционлната соработка и размена на добри практики во интерес на унапредување на правосудните системи на двете држави.