Амбасадата на САД и Академијата за судии и јавни обвинители ја зајакнуваат борбата против перење пари преку специјализирана обука за судиите и јавните обвинители на Северна Македонија

DSC_0033

Амбасадата на САД и Академијата за судии и јавни обвинители успешно реализираа еднодневна обука на тема; „Перење на пари во случаии со организиран криминал и трговија со дрога“ која се одржа на 16 јуни 2026 година, во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии и јавни обвинители кои постапуваат по предмети поврзани со организран криминал, финансиски истраги и перење пари, со цел унапредување на нивните знаења и практични вештини за откривање, докажување и процесуирање на сложени случаии на финансиски криминал. Во услови на се пософистицирани методи на прикривање на незаконски стекнатите средства, јакнењето на капацитетите на правосудните институции за следење на финансиските текови, идентификување на соминителни транскации и обезбедување ефективна конфискација на имот претставува клучен предуслов за успешна борба против организираниот криминал и корупцијата. Стекнатите знаења и разменетите искуства ќе придонесат кон поефикасно постапување во секојдневната работа на судиите и јавните обвинители во оваа комплексна област.

Воведно обраќање на настанот имаше Вирџинија Елиот, директор на ИНЛ при Амбасадата на САД во Скопје, како и американските експерти Џек де Клуивер и Џозев Бурк, советници во Канцеларијата за техничка поддршка при Министерството за финансии на САД.

Во текот на обуката, експерите од САД ги презентираа најдобрите меѓународни практики во истрагите за перење пари поврзани со организираниот криминал, корупцијата и трговијата со дрога. Посебен акцент беше ставен на значењето на извештаите за сомнителни активности како почетна точка за финансиските истраги, координација помеѓу институциите во борбата против перењето пари, примената на концептот „следење на парите“ како алатка за откривање и конфискација на имот стекнат од криминал, како и на елементите на кривичното дело перење пари и различните видови докази што се користат во овие постапки. Учесниците имаа можност да дискутираат и за разликите помеѓу перењето пари и финансирањето на тероризмот, како и за формалните и неформалните механизми преку кои се реализира перењето на незаконски стекнатите средства.

Националните експерти: проф. д-р Александра Деаноска Трендафилова од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, судијката Тања Милева од Апелациониот суд Скопје и јавната обвинителка Наташа Сарамандова од Вишото јавно обвинителство Скопје, преку панел-дискусија ги презентираа домашните искуства и предизвици во постапувањето по предмети за перење пари, со посебен осврт на прашањето за перење пари без утврдено предикативно кривично дело. Во рамки на дискусијата беа разменети мислења за актуелната судска и обвинителска практика, доказните средства и можностите и можностите за понатамошно унапредување на институционалниот пристап во справувањето со финансискиот криминал.

Реализацијата на оваа обука претставува уште една потврда за долгогодишната и плодна соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Како поддржувач на работата на Академијата од нејзиното основање па се до денес, Амбасадата на САД е докажан и посветен партнер во организирањето на едукативни настани од актуелни правни области, кои се идентивикувни како значајни за континуирано унапредување на знаењата, вештините и професионалните капацитети на судиите и јавните обвинители од Република Северна Македонија.