Академијата организраше тркалезна маса посветена на примената на пробацијата во практиката со посебен акцент на извршувањето на алтернативните мерки и условен отпуст

logo_asjo

Академијата за судии и јавни обвинители организираше тркалезна маса на која се дисктуираше за примената на пробацијата во практиката со посебен акцент на извршувањето на алтернативните мерки и условниот отпуст.

На тркалезната маса присуствуваа судии од апелационото подрачје Гостивар, како и претставници на пробациските канцеларии и адвокати.

Своите искуства во однос на темата, со присутните ги споделија: Лидија Петровска,  судија на Основен кривичен суд Скопје, Билјана Коцевска, судија на Основен кривичен суд Скопје, Дијана Ѓеровска, раководител на Одделение за надзор над извршување на пробациски работа, Маја Апостоловска, раководител пробациска канцеларија Тетово и Весна Матевска, програмска раководителка на Здружение „ХЕРА“, Асоцијација за здравствена едукација и истражување.

Целта ма тркалезната маса беше да се унапреди практичната примена на пробацијата преку размена на искуства и стручни согледувања помеѓу судиите, претставниците на пробациските служби и другите релевантни чинители, со посебен фокус на извршувањето на алтернативните мерки и условниот отупст со заштитен надзор. Преку дискусиите се настојуваше да се афирмира значењето на пробацијата како механизам за ресоцијализација на сторителите, намалување на примената на изолациските санкции и поефикасно остварување на целите на казнувањето, како и да се разгледаат можностите за унапредување на психосоцијалниот третман и институционалната координација во постапувањето со сторителите на кривичните дела.

Во рамки на своите заложби за унапредување на стручната едукација и јакнење на институционалната соработка, Академијата ќе продолжи со организирање на вакви стручни настани посветени на примената на пробацијата во практиката. Оваа тркалезна маса претставува прва од циклусот на тркалезни маси посветени на оваа тема, кои Академијата ќе ги организира по апелациони подрачја, со цел поттикнување на континуирана размена на искуства, усогласување на практиката и унапредување на примената на алтернативните мерки и условниот отпуст.