Академијата за судии и јавни обвинители како дел од Каталогот за континуирана едукација за 2025 година организраше советување на тема „Начин на стекнување на правото на сопственост и начин на престанок на правото на сопственост“, кое се одржа на 21 ноември 2025 година во просториите на Академијата.
На советувањето учествуваа судии од граѓанските оддели од сите инстанци, а истото го спроведоа: м-р Маја Маркова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и Даниела Миновска, судија на Основен граѓански суд Скопје.
Советувањето ги опфати начините на стекнување на правото на сопственост на оригинерен и деривативен начин врз основа на закон, на правна работа, со наследување, со одлука на надлежен државен орган и престанок на правото на сопственост. Во текот на советувањето беше изложена и значајна судска пракса со цел воедначување на судската пракса како основа за владеење на правото.


