Академијата за судии и јавни обвинители реализираше обука на тема: „Надомест на материјална и нематеријална штета од кривично дело, од сообраќајни незгоди и од работен однос“

DSC_0607

Академијата за судии и јавни обвинители, денес (02 март 2026 година), во просториите на Академијата, организираше обука на тема: „Надомест на материјална и нематеријална штета од кривично дело, од сообраќајни незгоди и од работен однос“, која беше наменета за судии од граѓански оддели.

Обуката ја спроведоа:  г-а Гордана Јакова,  судија на Основен граѓански суд Скопје и г-а Гордана Билеска ,  судија на Основен граѓански суд Скопје.

Обуката беше посветена на прашањата поврзани со надомест на материјална и нематеријална штета од работен однос, со фокус на правната природа на одговорноста, условите за нејзино настанување и критериумите за утврдување на висината на надоместот.

Целта на обуката беше да поттикне стручно продлабочување на аргументацијата во образложението на пресудите и конзистентна примена на материјалното право. Исто така, да се разгледаат спорните прашања во судската практика и можностите за нивно надминување, како и да се придонесе кон воедначување на судската практика во одлучувањето по овие видови спорови.