ТАИЕКС –Инструмент на Европската комисија за техничка помош и размена на информации.

ТАИЕКС е инструмент на ЕУ кој претставува краткорочна техничка помош за земјите-кандидатки и потенцијалните кандидати од Западен Балкан во областа на приближување, примена и спроведување на правото на ЕУ како и во надградбата на неопходната административна структура. ТАИЕКС се финансира од мултилатералната програма ИПА (Инструмент за претпристапна помош на ЕУ) по принципот „прв пријавен, прв услужен“.

Во 2003 година беше одржан иницијален состанок за соработка со земјите од процесот на стабилизација и асоцијација, со што официјално се отвори можност за користење на услугите на ТАИЕКС во Република Северна Македонија.

Можноста за користење на услугите на ТАИЕКС особено во делот на обезбедување на техничка помош при транспонирање и спроведување на законодавството на ЕУ, е од исклучително значење за Северна Македонија. Заклучно со 2006 година трошоците на ТАИЕКС Инструментот се покриваа од CARDS програмата, додека сега тие се целосно покриени од страна на ИПА фондовите, пришто институциите не сносат какви и да било дополнителни трошоци. Координатор на ТАИЕКС активностите во Северна Македонија е Секретаријатот за европски прашања.

Академијата е активно вклучена во дел од активностите на ТАИЕКС со кои е опфатено правосудството.

https://www.sep.gov.mk/post/?id=234#.YpnjVsVByUk